Утрински Весник
Македонија

Влада: Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение

Денеска во Владата на Република Северна Македонија продолжи дијалогот помеѓу синдикатите и претставници на Владата за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Претставниците на синдикатите се сретнаа со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

Вицепремиерот Битиќи на почетокот на состанокот посочи дека дијалогот во никој случај не е прекинат. Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација.

На состанокот најавено беше дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок но и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените.

Можете да прочитате

Левица: Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок