Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја покрие разликата во цената на парното

Владата ќе ја покрие разликата во цената на парното

Владата на денешната 20-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Согласно оваа мерка, како што велат од Владата, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

Можете да прочитате

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер