Утрински Весник
Македонија

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе започне денеска во 13 часот според соопштение од владините служби на дневен ред пред министрите за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.

Во препораките на Комисијата беше напоменато од утре да има целосно укинување на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.

Покрај седница за носење на најновите препораки од Комисијата за заразни болести, Владата денеска, со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи и редовната 78-ма, тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

Според предложениот дневен ред, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на текст на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Командата на Врховниот Сојузнички Командант за трансформација и Врховната Команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето на поддршка од земја домаќин за спроведување на НАТО операции, вежби и слични воени активности.

За заклучоците и одлуките од денешните Владини седници, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа