Утрински Весник
Македонија

Владата усвои протокол за почеток на учебната година на 1 октомври

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата
Dik 300x250 mk

Владата попладнево на седница усвои протокол за почеток на учебната година на 1 октомври наместо на 1 септември.

„Владата денеска донесе одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на Ковид-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното“, соопшти Владата.

Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи МОН да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1 септември да започне на 1 октомври.

Претходно денеска, мандаторот Зоран Заев, кажа дека тенденцијата на новата влада ќе биде учебната година да почне на 1 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра