Утрински Весник
Економија
Img 7972

Владата: Просечната нето-плата во државата достигна 31.407 денари

300x250 opst2

Трендот на раст на просечната нето-плата во земјата продолжува. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%.

dobivaj vesti na viber

Согласно статистиката, ваквото зголемување се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.7 %), Уметност, забава и рекреација (16.1 %) и Преработувачка индустрија (14.3 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата во земјата е резултат и на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари.

Споредено со мај 2017 година кога просечната нето-плата била 22.889 денари, во мај годинава е зголемена за 8.518 денари и изнесува 31.407 денари.

Владата, соопштија од таму, продолжува со креирање мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните, како и особена поддршка во услови на криза.

„Остануваме посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи“, додаваат од Владата.

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак