Утрински Весник
Македонија

Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава

Владата прогласи тридневна жалост  на територијата на целата држава
Ss2

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, соопштија владините служби.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

300x250 (7)

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информирале за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнале дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

„Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок“, стои во владиното соопштение.

Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, нагласуваат од таму.

Ss1

Можете да прочитате

Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

ВМРО ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат враќање на Македонија на народот

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај