Утрински Весник
Македонија

Владата предложи намалување на судската такса за физичките лица

Владата предложи намалување на судската такса за физичките лица

Владата денеска на седница предложи намалување за седум пати на максималната судска такса за физичките лица.

Како што информираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, станува збор за предлог-измена на Законот за судските такси.

Со тоа, максималната судска такса за физичките лица се намалува од 48.000 денари на 6.000 денари.

„Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна“, напиша Маричиќ на социјалните мрежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска