Утрински Весник
Македонија

Владата прави анализа дали ќе бара продолжување на вонредната состојба

Власта и опозицијата на пониско техничко ниво ги продолжуваат разговорите за законот за ЈО

Скопје, 12 мај 20202 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на денешна прес-конференција информира дека Владата прави анализи на сето она што е преземено досега во однос на прогласувањето на вонредната состојба во неколку сегменти и според движењето во тие сегменти ќе биде донесена одлука дали повторно ќе се побара нова вонредна состојба.

– Владата прави анализи, систематизира се она што беше преземено во однос на прогласувањето на воредната состојба досега, анализите и во делот на здравствената криза, намалувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот. Меѓутоа и импликациите врз економијата ќе бидат основа за тоа дали ќе се донесе одлука за нова вонредна состојба. Тоа ќе го имаме како можност за расправа пред Влада во наредните неколку дена и тогаш ќе ја донесеме одлуката дали ќе побараме повторно нова вонредна состојба во државата, рече Спасовски.фф/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ не сакаше ниту да дискутира по предлогот за помали станбени кредити за младите семејства

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка” АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните