Утрински Весник
Македонија

Владата почнува информативни видеосесии КОВИД-19, прашања и одговори

Кривична пријава за скопјанец кој ја прекршил самоизолацијата и заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Владата од денеска почнува со серија информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори“, поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Информативните видеосесии опфаќаат одговори на актуелни прашања поврзани со најновите мерки кои ги презема Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од инфекцијата, соопшти владината прес-служба.
Во денешната видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори“, за новите рестрикции на движењето за граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска, ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Отворена хуманитарно-продажната изложба во НУЦК „Бели мугри“ за повредените во „Пулс“

Поради боево гаѓање утре од 8:00 до 15:00 часот забрането секакво движење кај Виречка Полјана, Делчевско

Јахоски се жали на одлуката на судот кој не прифати над 2 милиони евра гаранција да излезе од Шутка