Утрински Весник
Македонија

Владата одлучи: Се укинува носењето на маски во затворен простор

Владата одлучи: Се укинува носењето на маски во затворен простор

На денешната седница на Владата e донесена одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории.

Исклучок ќе има  во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби;

Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Владата на денешната седница ја укина и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта.

Се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола