Утрински Весник
Свет

Владата на САД нема да бара од новинарите да ги откриваат изворите

Владата на САД  нема да бара од новинарите да ги откриваат изворите

По неодамнешното откритие дека администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп тајно добивала снимки од телефонски разговори и содржината на електронската преписка на бројни новинари, Министерството за правда на САД денеска објави дека повеќе нема да бара да бидат откривани изворите на новинарите.

Извештаите на „Си-ен-ен“ и „Вашингтон пост“ наведуваат дека администрацијата на Трамп тајно се обидувала да добие снимки од телефонски разговори спроведени од одредени новинари во 2017 година.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Министерството за правда, под претседателство на Трамп и Бајден, водело тајна правна битка за да овозможи увид во електронската преписка на четворицата новинари на весникот и извршиле притисок врз управата на весникот да не објавува одредени информации.

Претседателот Џозеф Бајден минатиот месец рече дека нема да дозволи Министерството за правда на САД да презема снимки од телефонски разговори на новинари или да ја контролира содржината на нивната е-пошта, бидејќи таквите постапки ќе бидат едноставно погрешни.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста