Утрински Весник
Македонија

Владата контра Милошоски: Лажна е веста дека се вакцинирале министри

Владата: Не сме одзеле ингеренции на ниту една општина во областа на управувањето со отпадот
Dik 300x250 mk

Владата тврди дека ниту еден министер не бил вакциниран преку ред, откако пратеникот Антонијо Милошоски на „Фејсбук“ објави дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ се вакцинирани против коронавирус.

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, објави на официјалниот Твитер профил, портпаролот на Владата.

Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот „Фејсбук“ профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина