Утрински Весник
Македонија

Владата демантира дека одржала седница и дека имало „жестока расправа” за мерките за првомајските празници

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 27 април 2020

Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите изнесени во некои портали поврзани со наводна расправија околу забраните за движење за време на првомајските празници. Ја информираме јавноста дека Владата денеска не одржува седница, ниту пак таква седница е закажана за денеска, ниту пак имало било каква „жестока расправа”, ниту постои било каков план за дополнително заострување на мерките.

Дополнително, ги информираме граѓаните дека Владата ќе продолжи со концептот мерки кои беа воведени пред неколку дена, а кој се темели на помали рестрикции на движењето, но со задолжително носење заштита на лицето, држење дистанца и негрупирање.

Владата при носењето на мерките се води пред се од препораките на епидемиолозите и исклучиво со цел заштита на здравјето на населението. Одлуките за ограничувањата на движењата за претстојниот викенд ќе бидат донесени на првата следна владина седница, штом истата биде закажана.

Владата бара од сите веб портали и медиуми кои ја објавиле дезинформацијата да ги повлечат лажните вести и да го објават овој демант.

Влада на РСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство