Утрински Весник
Македонија

Владата го утврди предлог-законот за нов универзитетски клинички центар

Владата ги осоуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата на седница го утврди предлог-законот за реализација на проектот „Нов универзитетски клинички центар“.

Овој закон е по предлог на Министерството за здравство, а со него се уредуваат постапката и условите за реализација на проектот, односно изградба и ставање во употреба на комплексот на градби како градби од значење за Републиката.

Од Владата велат дека со предложените решенија ќе се овозможи унапредување на ефективноста и ефикасноста на терциерното здравство во земјата преку реализација на проектот „Нов универзитетски клинички центар“ и ќе се обезбеди континуитет во обезбедувањето висококвалитетни здравствени услуги за населението на целата држава.

„Предлог-законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, оптимизација на времето, трошоците или другите ресурси, со цел ефикасна реализација на проектот ‘Нов универзитетски клинички центар’ преку посебни услови и постапки за доделување договори за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на проектот ‘Нов универзитетски клинички центар’, како и други прашања уредени со овој предлог-закон“, информираат од Владата.

Финансиските средства за реализација на овој болнички комплекс ќе се обезбедат од буџетот на Република Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме