Утрински Весник
Македонија

Владата ги прифати новите мерки, рестораните ќе работат до 18 часот

Владата ги прифати новите мерки, рестораните ќе работат до 18 часот

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти премиерот Зоран Заев.

Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот и забранети ќе бидат групирања дома и на отворено.

Рестриктивните мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.

Мерката носи име „Празнувај одговорно“ и се очекува да спречи зголемување на бројот на новозаразени за новогодишните празници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откако ја раскажа семејната агонија: Надлежните презедоа мерки, таткото ќе биде хоспитализиран

Петровска со јавен повик до Меланија: Контактирај ме веднаш, ќе помогнеме со сместување и нема да ве оставиме сами

Да не ги прескокнуваме приоритетите