Утрински Весник
Македонија

Владата ги осоуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата ги осоуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата најостро ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. Реакцијата следи по ербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска.

„Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме.

Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме.

Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката“, се наведува во владиното соопштение.

Претходно Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираа на говорот на омраза, а осуда стигна и од Европската комисија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!