Според пишувањата на италијанските медиуми, владата во Италија го одбила барањето на првиот човек на Серија А, Паоло Дал Пина кој побарал 600 милиони евра за да се покријат трошоците настанати во време на пандемијата на коронавирусот.
„Фудбалот е близу до целосен финансиски крах и во голема економска криза“ рече Дал Пина минатата недела во интервју за „Скај спорт“.
Клубовите во Серија А веќе неколкупати заеднички истапуваат со барања до фудбалскиот сојуз и властите. Затворањето на стадионите и големата пауза минатата сезона направија голема дупка во буџетите кои сега е тешко да се санираат.
Посебно тоа е проблем за малите клубови кои се на работ на банкрот, а новото затворање на трибините би можело да доведе дел од клубовите да не можат да го продолжат натпреварувањето.
Италијанската влада не смета дека фудбалот во земјава во моментов е приоритет. Освен што државата го одби барањето за финансиска помош, одбија и да не се плаќа данок за платите на играчите.
> Владата во Италија не дава пари за спас на Серија А <