Утрински Весник
Македонија

Вкупно 55 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 42

Вкупно 55 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 42

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Вкупно 55 лица на ниво на целата држава во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, изминатото деноноќие на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Измама: Му ветиле работа во црква, ја фотографирале личната карта и му земале кредит од 3.500 евра

Благајничка си земала пари од фирмата каде работела

Стар, мал и ограничен, колегите ни се смеат – Сиљановска-Давкова за владиниот авион