Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Висок напон на струја го предизвикал пожарот на трансформаторот во РЕК Битола

Висок напон на струја го предизвикал пожарот на трансформаторот во РЕК Битола
300x250 opst2

Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок.

„ Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем“ наведуваат од компанијата.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

Ковачевски и Трповски изразија задоволство од зголемената динамика на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува Термоелектраната.

Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата