Утрински Весник
Спорт

Висар Муслиу во тимот на колото на Втората Бундеслига

Висар Муслиу во тимот на колото на Втората Бундеслига

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е избран во тимот на колото во Втората Бундеслига. Тој одигра одличен меч за Инголштад во триумфот (3:2) над Ауе, постигнувајќи го и дебитантскиот погодок за својот тим. Со добрата игра заслужи место меѓу најдобрите единаесетмина на престижниот „Кикер“ за изминатиот викенд.

Муслиу играше одлично и за фудбалската репрезентација на Македонија на бараж натпреварите за СП против Италија и против Португалија.

> Висар Муслиу во тимот на колото на Втората Бундеслига <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД