Утрински Весник
Свет

Виролозите со предлог како во иднина да се спречат пандемии

Италијански болничар: „Дојдете и мене кажете ми дека може слободно да се танцува во диско“

Во екот на пандемијата на коронавирус што го разори светот, се повеќе и повеќе научници бараат воспоставување глобален систем за рано предупредување за вируси од животни што можат да се прошират и кај луѓето.

Раното откривање на потенцијално опасен вирус би можело да спречи појава на слични пандемии во иднина, според Стефан Лудвиг, директор на Институтот за молекуларна вирологија на Универзитетот во Минстер, во видео кое денеска го објави неговиот универзитет.

Важно е да се следат клучните нови случувања, како што е ситуацијата на пазарите за живи и диви животни во Азија, од каде се верува дека вирусот Сарс-КоВ-2 преминал од животни на луѓе.

„Ако се открие зголемен број на инфекции при рутинска инспекција на пазарите на живи животни, веднаш треба да се вклучат ‘сопирачките’ за да се запре брзото ширење на вирусот“, вели Лудвиг. Тој верува дека системот за рано предупредување би можел да го започне Светската здравствена организација или Обединетите нации.

Сличен повик кон средината на јули беше упатен од научниците во престижното списание „Сајнс“. Тие ја истакнаа потребата да се започне систем за рано предупредување за појава на животински вируси и нивно потенцијално ширење меѓу луѓето.

Одредени животински видови може да бидат систематски тестирани за голем број на вируси, како на пример, тестирање за разни коронавируси на пазарите за животни и на фарми за животни.

Експертите од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) и Меѓународниот институт за истражување на сточарството (ИЛРИ) претходно предупредуваа дека животинските болести сè повеќе ќе се пренесуваат на луѓето, како резултат на зголеменото уништување на животинските видови и нивните екосистеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење