Утрински Весник
Спорт

Винисиус и Бензема со луд пресврт ги средија „лилјаците“ за 2 минути

Винисиус и Бензема со луд пресврт ги средија „лилјаците“ за 2 минути
Dik 300x250 mk

За само две минути во финишот ѕвездите на Реал Мадрид – Карим Бензема и Винисиус Жуниор му ја донесоа на Крaлскиот клуб новата победа, овојпат на „Местаља“ против Валенсија – 1:2.

Валенсија стигна до предност на мечот со голот на Дуро во 66. минута. Овој резултат беше актуелен се до 86 минута. Тогаш најпрво Винисиус на асистенција на францускиот колега од нападот израмни на 1-1, а само 2 минути подоцна, епилогот беше ист, само улогите беа сменети за целосен пресврт и победа на гостите од 2:1.

Со тоа Реал ја оствари и четвртата сезонска победа и се уште е без пораз – лидер во Ла Лига со +2 поени пред градскиот ривал Атлетико.

> Винисиус и Бензема со луд пресврт ги средија „лилјаците“ за 2 минути <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето