Утрински Весник
Спорт

Вингегор победи на Тур д’Франс

Во неделата на традиционален начин на Шанзелизе во Париз заврши 109. издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тур де Франс. И пред почетокот на последната етапа се знаеше дека победник на трката е 25-годишниот Данец Јонас Вингегор. Последната етапа му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен.

dobivaj vesti na viber

Последната, 21. етапа беше долга 115 километри и започна во близина на париската арена „Ла Дефенс“. Времето кое Филипсен славеше во спринтот беше два часа, 58 минути и 32 секунди. Зад него се пласираа Гренвеген и Кристоф.
Ова беше втора етапна победа за 24-годишниот Филипсен на траката, а претходно освои три етапи на Вуелта.

Пред последната етапа беше јасно дека вкупната победа ќе ја однесе Вингегор, кој мирно стигна до целта и не ризикуваше апсолутно ништо.

На крајот, Вингегор победи во генералниот пласман со време од 79 часа 33 минути и 20 секунди, две минути и 43 секунди повеќе од второпласираниот Словенец Тадеј Погачар.

Трет во генералниот пласман е Британецот Герајнт Томас, а меѓу првите десет се и Гауду, Власов, Кинтана, Барде, Мајнтјес, Луценко и Јејтс.

За Вингегор, кој е член на Џамбо-Визма од 2019 година, ова е прва победа на трките на „Гранд тур“, а во походот на својот прв Тур де Франс имаше два етапни триумфи.

Познати се и носителите на другите маици: Воут ван Арт од стартот беше прв во бодовниот поредок, па на крајот ја освои зелената маичка, а истиот велосипедист ја доби и наградата за најборбен возач. Најдобар на ридските етапи (маица со точки) овој пат е Вингегор.

 

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027