Утрински Весник
Магазин

Вил Смит: Ја прифаќам и ќе ја почитувам одлуката на Академијата

Вил Смит: Ја прифаќам и ќе ја почитувам одлуката на Академијата

Вил Смит за Си-ен-ен накратко ја коментираше одлуката на Академијата да му забрани пристап на сите нивни настани, вклучително и Оскарите, во следните 10 години.

„Ја прифаќам и ја почитувам нивната одлука“, рече тој.

За потсетување, Академијата излезе со соопштение за дисциплинската мерка што беше донесена на седницата на Управниот одбор вчера попладне.

„Одборот одлучи дека од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било академски настани или програми цела деценија, во живо или виртуелно, вклучувајќи ги и Оскарите“, беше посочено во соопштението.

Можете да прочитате

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци