Утрински Весник
Спорт

Вилијамс потврди дека ќе игра на УС Опен

Тениски турнир во Хонг Конг откажан поради протести

Њујорк, 17 јуни 2020 (МИА) – Седумкратната шампионка Серена Вилијамс потврди дека ќе се натпреварува на годинашниот УС Опен.

– Навистина не можам да дочекам да се вратам во Њујорк и да играм на Отвореното првенство на САД во 2020 година, рече Вилијамс во видео-пораката објавена за време на прес-конференцијата на Американската тениска асоцијација.

На неа се потврди дека Гренд Слем турнирот ќе се одржи од 31 август до 13 септември без навивачи.

– Мислам дека Американската федерација ќе заврши навистина добра работа и ќе организира сè неверојатно и сите ќе бидат безбедни, рече Вилијамс (38).

Американката има освоено 23 Гренд-слем титули во сингл, а во последните две сезони загуби во финалето на УС Опен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига