Утрински Весник
Спорт

Виландер: Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“

Виландер: Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“

Славниот шведски тенисер, Матс Виландер, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, кој бара промени во светскиот тенис, односно бара повеќе пари од наградните фондови да одат кај играчите кои се рангирани под 100.место на АТП листата.

Виландер, кој во кариерата освоил седум Гренд слем титули, рекол дека она што Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“.

Поради своите заложби и барања, Ѓоковиќ, изминатите месеци често е критикуван во јавноста.

„Она што сега го прави Новак, во минатото, во седумдесеттите години од минатиот век, го правеше Артур Еш. Поради Еш, тогаш не беа среќни ниту во АТП, ниту Џими Конорс. До крајот на осумдесеттите години од минатиот век, од Гранд при турнејата се префрливме на АТП турнејата, а тенисерите во 1990 година заработија дупло повеќе пари него во годината претходно“, рекол Виландер.

„Новак се обидува да започне нешто ново, тој се обидува да биде гласот на „малиот човек“. Секоја чест, бидејќи знае дека луѓето ќе имаат различни мислења, околу иницијативата на светскиот број 1. Некој мора да биде гласот на „малиот човек“. Верувам дека Новак прави вистинска работа за „малите луѓе“ и за играчите кои треба да добијат нешто повеќе пари од наградните фондови“, заклучил Виландер, кој во светот на тенисот е познат како еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ.

> Виландер: Ѓоковиќ е гласот на „малиот човек“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ