Утрински Весник
Економија

„Викторијас Сикрет“ во Велика Британија оди во ликвидација

„Викторијас Сикрет“ во Велика Британија оди во ликвидација

„Викторијас Сикрет“ во Велика Британија не ја преживеа пандемијата и отиде во ликвидација.

Судијата Сали Барбер ја одобри транзицијата кон ликвидација, што значи дека се загрозени стотици работни места во 25 продавници на „Викторијас Сикрет“ низ Обединетото Кралство.

Сепак, ликвидацијата ќе ѝ овозможи на компанијата да плаќа дивиденда на доверителите.

Продажбата преку Интернет ќе продолжи бидејќи не е поврзана со „Викторијас Сикрет“ од Велика Британија.

Кога британската филијала на малопродажба влезе во минус минатата година, британската компанија за облека „Некст“ ја спаси „Викторијас сикрет“ со преземање на 51% удел во групата и на тој начин спаси 500 од 800 работни места.

Сепак, компанијата не успеа да се опорави од слабата продажба. Во исто време, брендот доживеа големи проблеми во САД, бидејќи неговиот сопственик Лес Векснер се соочи со тужба поради контактите со Џефри Епстајн.

Векснер е обвинет дека му дозволил на Епстајн да ја користи својата луксузна вила во Охајо за сексуално злоставување малолетници.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра