Утрински Весник
Магазин

Викинзите се враќаат: „Валхала“ носи нови авантури на екранот

Викинзите се враќаат: „Валхала“ носи нови авантури на екранот
Dik 300x250 mk

Новата серија „Викинзи: Валхала“, чија премиера е на Нетфликс во петок (25 февруари), ја спојува историјата со драмата за да ги раскаже авантурите на Викинзите од пред повеќе од 1.000 години, почнувајќи со одмаздничка мисија против англискиот трон.

Новата серија, сместена околу 100 години по крајот на хит-серијата „Викинзи“, ги раскажува приказните за нордиските личности како истражувачот Леиф Ериксон, неговата тврдоглава сестра Фрејдис Ериксдотер и решителниот принц Харалд Сигурдсон.

„Беше прекрасно да се нурне во легендата што живее во овие саги, но да се раскаже човечка приказна“, изјави за „Ројтерс“ актерот Сем Корлет, кој го портретира Леиф.

Дејствието ги следи Гренланѓаните Леиф и Фрејдис кои отпатувале во Категат поради лична одмазда, но набрзо им се придружуваат на Харалд и кралот Канут за да се одмаздат за другите Викинзи убиени во Англија.

Можете да прочитате

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“

Најмалите деца најмногу шират вируси

Слатко од тиква – 24info.mk