Утрински Весник
Економија

„Визер“ нема да лета на рутите до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април

„Визер“ нема да лета на рутите до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ објави дека ги суспендира до 3 април годинава рутите од Скопје и од Охрид кон Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY), поради затворањето на северниот дел на Италија, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Патниците кои направиле резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен поврат на нивните средства или 120 проценти поврат на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење, соопшти Визер.

Од авиокомпанијата наведуваат дека може да ги информираат само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на „Визер“. Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети.лв/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси