Милано, 3 март 2020 (МИА) – Поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери, кој има полусезона како фудбалер во Милан, ги прокоментира скандалите во управувањето со „црвено-црниот“ клуб.
Во секој момент, еден од директорите, Звонимир Бобан, се очекува да биде отпуштен од работа откако јавно го критикуваше Извршниот директор Иван Газидис за неговата одлука да преговара со нов тренерот (Ралф Рангник) зад грбот на другите шефови.
Бобо Виери го поддржа Бобан и се залага за него.
„Звонимир не е марионета како некои други“, рече тој за „Тики Така“. „Бобан реагираше правилно. Кој е овој Газидис, што прави во клубот? Како ќе преговара со Рангник, па тоа не е негова должност. Ова е работа на Бобан и Паоло Малдини. И очекувате ли Звонимир да молчи? Треба да бидете човек во животот, да кажете работи директно и да имате храброст – тоа го има и Бобан“, посочи легендата на италијанскиот фудбал.