Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, објави дека Виена и уште две покраини во источна Австрија ќе бидат затворени за време на велигденските празници, поради зголемениот број на заразени со коронавирусот и притисокот врз болниците.
„Ројтерс“ известува дека Виена, Долна Австрија и Бургенланд, на границата со Унгарија, денес ги координираа овие најстроги епидемиолошки мерки со Министерството за здравство и дека е најавено дека нема да има нови затворања во остатокот од земјата.
Аншобер најави дека заклучувањето ќе трае од 1 до 6 април и дека продавниците што не се неопходни ќе бидат затворени во тој период.
Маските што веќе се задолжителни во јавниот превоз и во затворен простор ќе бидат неопходни и на отворено каде има поголема циркулација на луѓе.