Утрински Весник
Свет

(Видео) Tајландскиoт премиер ги испрска новинарите со средство за дезинфекција

(Видео) Tајландскиoт премиер ги испрска новинарите со средство за дезинфекција

За време на одговарање на новинарски прашања, премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча, ги испрска со средство за дезинфекција претставниците на медиумите кои беа во првиот ред.

На конференцијата, новинарите го прашуваа премиерот за можни промени во владиниот состав.

Пред да ја напушти салата, видно изреволтиран, премиерот се приближи до првиот ред на новинари и додека држеше заштитна маска, ги испрска новинарите со средството за дезинфекција.

Премиерот на Тајланд и порано имаше невообичаени испади за време на разговорите со новинарите. Во една прилика, тој фрли кора од банана кон снимателите.

Во Тајланд се зголеми бројот на оние кои повикуваат на оставка на премиерот, откако активисти кои повикуваа на политички реформи беа обвинети за кршење на законот, со кој се забранува критика кон постарите членови на кралското семејство, пренесува РТ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја