Утрински Весник
Свет

(Видео) Kaj Сардинија изгоре мегајахта, присебниот капетан успеал да ги спаси сите патници

(Видео) Kaj Сардинија изгоре мегајахта, присебниот капетан успеал да ги спаси сите патници

Мегајахтата Лејди ММ во вторникот се запалила во меѓународните води, на околу 50 километри од Сардинија.

На јахтата имало 17 лица, девет члена на екипажот и осум гости. Сите тие се спасени и се чувствуваат добро. Капетанот на јахтата бил од Хрватска, исто како и пет други членови на екипажот.

Противпоарниот аларм на јахтата се огласил околу 6 часот. Капетанот веднаш ја известил крајбрежната стража и наредил затворање на резервоарите кои имале повеќе од 70.000 литри дизел, со што се избегнала уште поголема еколошка катастрофа.

Веднаш започнала акција за спасување во која учествувале два брода и хеликоптер. Спасувачите по доаѓањето го виделе само бродот во оган, но не затекнале никого. Јахтата брзо потонала, а подоцна се дознало дека екипажот и патниците го напуштиле бродот со спасивачки чамец и дека сите биле живи. Нив ги пресретнале бродови и ги одвеле на сигурно.

Лејди ММ била луксузна јахта долга 48 метри изработена во Италија и закотвена во Анкона. Таа пловела под знамето на Кајманските острови.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме