Утрински Весник
Свет

(Видео) Eвакуирани ранетите украински војници од челичарницата Азовстал

Img 5587

Повеќе од 260 украински војници, од кои многумина ранети, беа евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол, очигледно предавајќи ја контролата врз градот на руските сили по 82 дена бомбардирање, објави „Гардијан“.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар изјави доцна синоќа дека 53 тешко ранети војници се евакуирани во болница во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 200 други биле пренесени по коридорот до Оленивка. Таа додаде дека ќе има размена за да можат евакуираните да се вратат дома.

https://www.youtube.com/watch?v=9VoU8R_5ByQ

Не е познато колку војници останале во фабриката за челик – се верува дека има околу 600 – а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека „се надева дека ќе ги спасат нивните момци“.

„ На Украина ѝ се потребни живи херои. Тоа е нашиот принцип“ истакна тој во видео обраќањето.

„Гардијан“ наведува дека евакуацијата веројатно ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка во украинската војна и значителен пораз за Украина. Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го спомна предавањето.

Мариупол сега е во урнатини по руската опсада, за време на која, според Украина, десетици илјади луѓе биле убиени во градот.

За Украинците „Азовстал“ стана симбол на отпорот.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум