Утрински Весник
Магазин

(Видео) „AББA“ објави видео за првата божиќна песна

(Видео) „AББA“ објави видео за првата божиќна песна

Новата Божиќна песна на „AББА“, Little Things, сега е достапна како сингл на Це-де. Шведскиот култен бенд во петокот објави музички спот за песната.

Во него, ученици разговараат за технологијата за претстојниот концерт ABBA Voyage во Лондон во 2022. Оваа технологија се користи за снимање на движењата на членовите на бендот и нивно претворање во дигитални реплики кои ќе можат да се видат на сцената во Лондон.

Учениците ја претвораат својата училница во продукциска канцеларија за да можат сето тоа сами да го изведат и сами да создаваат музика. Крајниот резултат е божиќно шоу на „АББА“.

Little Things е првата божиќна песна на шведската супергрупа – ваква песна веќе долго време беше желба на фан-заедницата. „Јуниверзал мјузик“соопшти дека целиот приход од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“