Утрински Весник
Магазин

(Видео) 82-годишна жена ќе патува во вселената со Џеф Безос

(Видео) 82-годишна жена ќе патува во вселената со Џеф Безос

Осумдесет и двегодишната Воли Фанк на 20 јули ќе лета во вселената со компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос со што ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Таа ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам, заедно со милијардерот, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.

Воли Фанк во 60-ите години била учесник во приватна програма позната како „Меркур 13“ во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата „Меркур“ на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.

„Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било“, вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Безос.

Можете да прочитате

Петуниите растат побрзо и побујно од кога било со овој градинарски трик

Следните 7 години носат револуција: Уран во Близнаци ќе го смени светот!

Љубовен пресврт до 1 мај – Пријателства ќе стануваат врски, Венера носи страст и нови познанства!