Утрински Весник
Македонија

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот
Dik 300x250 mk

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое се гледа како 12-годишното девојче тепа врсничка додека таа бара помош наиде на остри реакции во јавноста.

Настанот се случил во Велес, а очевидец ја снима сцената со мобилен телефон.

Следниот ден таа нападнала и друго девојче, а од МВР велат дека во полициската станица, во присуство на родител и социјален работник бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.

„Се преземаат дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И. (39) од Велес, поради негрижа за своето дете“, велат од полицијата.

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново