Утрински Весник
Свет

(Видео) Џорџ Буш направи грешка кога наместо Украина рече дека инвазијата на Ирак е „брутална и неоправдана“

Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш направи грешка кога наместо Украина рече дека инвазијата на Ирак е „брутална и неоправдана“.

Потоа се поправи и рече дека мислел на рускиот напад на Украина. Буш тоа го изјави за време на настаните во Далас во средата, додека го критикуваше политичкиот систем во Русија, пренесе Ројтерс.

„Резултатот е недостаток на контрола и рамнотежа во Русија, а одлуката на еден човек да го нападне Ирак е целосно неоправдана и брутална. Оваа, сакав да кажам, Украина“, рече Буш, одмавнувајќи со главата.

Потоа се пошегува дека грешката е направена поради неговата возраст и ја насмеа публиката, додава Ројтерс.

Кога Буш беше претседател, во 2003 година, САД ја предводеа инвазијата на Ирак поради сомневање за оружје за масовно уништување, кое никогаш не беше пронајдено.

Стотици илјади луѓе беа убиени во долготрајниот конфликт, а уште толку беа раселени.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно