Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Ју-ту“ на Tик-ток најави нова песна

(Видео) „Ју-ту“ на Tик-ток најави нова песна

Легендарниот ирски рок бенд „Ју-ту“се придружи на социјалната мрежа Тик-ток, а во својата прва објава сподели дел од нова песна што излегува овој викенд под наслов Your Song Saved My Life.

Песната е снимена како саундтрак за претстојниот анимиран филм SING 2, а во филмот фронтменот на U2 Боно ќе дебитира на анимираното платно како рок ѕвездата Клеј Каловеј.

Исто така, дискографијата на бендот е достапна за корисниците кои сега можат да стават негови нумери како музичка придружба во своите објави.

Некои од песните на бендот кои сега се достапни во библиотеката на Тик-ток вклучуваат: Beautiful Day, With or Without You, Vertigo, Sweetest Thing, One и Where The Streets Have No Name. Овој месец се одбележуваат 30 години од револуционерниот албум Achtung Baby, а бендот ќе објави архивски снимки од некои од своите настапи и турнеи.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста