Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шутаров: ЗОО претворена во кланица, eве што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе јавно претпријатие

Dik 300x250 mk

Масакарот на десетици животни во скопската Зоолошка градина е последниот доказ за тоа што се случува со јавните претпријатија и установи кога се раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На најсвиреп, најбрутален начин убивани се животни во Зоолошката градина, институција која освен рекреативна има и едукативно – воспитна функција. Со свирепото колење на животни во Зоолошка градина, директорот поставен од Мицкоски и Данела Арсовска прекршил четири закони и за тоа треба кривично да одговара.
За само осум месеци, Кристијан Стаменов е четвртиот директор кој е разрешен од страна на новата градска администрација и трет кој е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцира Шутаров во изјавата.

Оценува дека ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска за оваа година сериозно го намалија Буџетот на Зоолошката градина за нејзиното нормално функционирање.

Во буџетот на Град Скопје за 2021 година беа исплатени околу седум милиони денари, вели советникот од редовите на СДСМ, додека за оваа година, како што додава, за Зоолошката градина се предвидени само 2.5 милиони денари.

„Дали уште при креирање на буџетот Градот предвидел Зоолошка да стане кланица и недостатокот на средства за нормалното функционирање да го компензира преку колење животни внатре во градината? Дали во последните месеци и претходно имало вакви случаи и инциденти?“, прашува Шутаров.

Овој скандал, според него е уште еден показател за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да раководат со градот и инситуциите под негова надлежност.

„Арсовска и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за Скопје и неговите граѓани“, потенцира советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово