Утрински Весник
Свет

(Видео) Шпанскиот суд ѝ ги одзеде четиригодишните близнаци на мајката што ги роди на 64-годишна возраст

(Видео) Шпанскиот суд ѝ ги одзеде четиригодишните близнаци на мајката што ги роди на 64-годишна возраст

Врховниот суд во Шпанија донесе одлука со која целата земја се крена на нозе. Судот ѝ ги одзеде близнаците на Мавриција Ибанез (69) врз основа на процена на експерти, а не врз основа на возраст. Социјалната служба ги смести децата во згрижувачко семејство.

Во системот на социјална услуга, покрај близнаците, е и ќерката на Мавриција, која има 11 години, а која беше одземена од мајка си во 2014 година. Шпанскиот суд во понеделникот донесе одлука дека Мавриција не е способна да се грижи за децата. Оваа одлука стави крај на четиригодишната правна битка. Мацриција се обиде на секој начин да си ги врати децата, близнаците Габриел и Марија, кои ги роди со ин витро оплодување во Америка.

Судот наведува дека мајката не може да соработува на квалитетен начин со социјалната служба и дека тоа им наштетило и на децата. Тие повторија дека пресудата се заснова врз процена на експерти, а не врз основа на возраста на Мавриција, ниту на нејзиното ментално здравје. Во изјавата од судот во Бургос, од каде што потекнува Мавриција, се наведува за време на нивната прва пресуда дека карактерните црти на мајката значајно влијаат врз психосоцијалниот развој на децата. Тие велат дека децата живеат во изолација без никакви врски со другите членови на семејството, како и без поддршка од општеството.

Близнаците денес имаат четири години, а социјалната служба ги сместила во згрижувачко семејство набргу по раѓањето. Ибанез потпиша документ со социјалната служба, во кој изјави дека ќе ангажира асистент кој ќе биде тука да се грижи за децата и домаќинството со неа. Но, само 10 дена по напуштањето на родилиштето, каде што беше еден месец, властите заклучија дека близнаците биле изложени на голем ризик.

„Кога се врати дома, тимот го следеше нејзиниот напредок и сите извештаи покажуваат дека децата треба да растат во поинакво опкружување“, рече тогашниот претставник за печатот на социјалната служба во Бургос.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно