Утрински Весник
Свет

(Видео) Шок, ужас и збунетост – така е во Москва

(Видео) Шок, ужас и збунетост – така е во Москва
Dik 300x250 mk

Шок, ужас и збунетост се три зборови кои би можеле да го опишат утринското расположение на многу жители на Москва, пишува Би-Би-Си.

Штом се појави веста за рускиот воен напад врз Украина, московјаните почнаа да разменуваат пораки, меѓусебно да се прашуваат што да прават, дали да складираат храна или американски долари?

Некои се прашуваат што ќе се случи со руската рубља, додека во банките и менувачниците се формираа редици. Исто така, зголемено е присуството на полицијата на улиците.

Оние кои се против војната со Украина ја разгледуваат можноста вечерва да одржат митинг во Москва. Но, неизвесно е дека властите ќе издадат дозвола за тоа пишуваат светските медиуми.

Според написите неколку лица кои се противат на руската инвазија на Украина веќе се обиделе да протестираат носејќи пароли, но полицијата веднаш ги отстранила од улицата.

Анкетите на јавното мислење пред воената акција покажале дека околу половина од Русите не веруваат дека војната со Украина е можна.

Огромното мнозинство од испитаниците го обвинува НАТО за сегашната ескалација на тензиите со Западот, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан