Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Шимиќ: Целосно проширување на булеварот Борис Трајковски

(Видео) Шимиќ: Целосно проширување на булеварот Борис Трајковски
300x250 opst2

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов во соработка со општина Кисела Вода го остваруваат ветувањето дадено пред граѓаните за целосно проширување на булеварот Борис Трајковски, истакна денеска претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

Оваа сообраќајница, како што најави Шимиќ, ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура.

„Во изминатиот месец интензивно се работи на овој булевар, односно станува збор за должина од над 2 километри од Пинтија до влезот на населба Драчево, каде ќе заврши со модерен кружен тек. Со изградбата на оваа фаза од булеварот Борис Трајковски, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на градот“, истакна тој.

Овој капитален проект, како што потенцираше Шимиќ, ќе биде значаен за над 70 илјади граѓани од Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани, Зелениково, Батинци и околните населени места каде според проценките на неговата партија значително ќе се намали временскиот период на патување од овие населби, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.

Можете да прочитате

Зголемени цените на угостителските услуги

Пинтоска од Левица: Стружани да не се плашат ниту од лавовите, ниту од орлите!

Полициска потера на патот Скопје – Велес: Испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот