Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Во Охрид се гради по план и се решаваат децениски проблеми

(Видео) Шекеринска: Во Охрид се гради по план и се решаваат децениски проблеми

Владата градеше и гради по план, вложувањето во инфраструктурата е влог во квалитетен живот на граѓаните, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која денеска имаше работна посета на Охрид, при која посети повеќе точки каде што во соработка со локалната самоуправа на Град Охрид се реализираат серија на инфраструктурни проекти кои се веќе реализирани или се во финална фаза на реализација.

„Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Авасим. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата. Тоа е проект од околу 45 милиони денари кои, како велат, значи реконструкција после 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме прилика да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план“, рече Шекеринска.

Таа упати честитка до Општината која последнава година, како што рече, сторила многу за поврзување на граѓаните на Охрид, меѓутоа и за развој на туристичкиот потенцијал на Охрид.

Текстот (Видео) Шекеринска: Во Охрид се гради по план и се решаваат децениски проблеми е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава