Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шахпаска: Пописот не е политичко прашање за кое власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата

(Видео) Шахпаска: Пописот не е политичко прашање за кое власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата

Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во одговор на прашање во врска со пописот.

„Би сакала да им порачам на сите граѓани дека пописот е безбедна, елементарна, статистичка операција и неразбирливо е да се наметнува тезата дека тоа е политичко прашање за кое што власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека попишувачите, покрај обуките за попишување, имаат и специјални обуки за тоа како треба да се заштитат себе и лицата кои ги попишуваат.

Притоа ја истакна важноста од пописот за Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за ранливите категории на лица и фактот дека цели 20 години не се знае точниот број на граѓани чии проблеми се адресираат на овој ресор.

“Важен е бројот на пензионерите, на лицата со попреченост, на децата, за да знаеме точно каде има и колкава е потребата од пензионерски домови, дневни центри, детски градинки и воопшто потребата од социјални услуги и стручен кадар“, посочи Шахпаска.

Таа напомена дека за да се испорачаат квалитетни политики и планови потребни се реални и објективни податоци кои ќе се добијат од статистичка операција како што е пописот.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани