Сите сме свесни на празните ветувања, и манипулирањето со студентите кое го направија социјалдемократите во 2017-тата година, изјави Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во текот на нивната кампања студентските домови ги споредуваа со затвори и се колнеа дека ќе ги подобрат условите. Во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу веќе подолг период нема парно греење, а тоа дека од четврти јануари па се до ден денес во студентскиот дом нема топла вода е тотална неодговорност и потценување на студентите!
Во 21 век, во 2021 година македонскиот студент наместо да разговара за подобрување на условите во лабораториите, за концептот на образованието, ние се уште разговараме за топла вода.
Директоре доста е со замачкување очи, а бидејќи разговараме за топла вода од вас не бараме одговори туку бараме одговорност!“ порача Шамбевски.