Четворица Јужнокорејци загинале, а еден американски војник се здобил со полесни повреди откако патнички автомобил се судрил со американско оклопно возило кое се движело кон воената база недалеку од Сеул, пренесува РТ.
Несреќата се случила во градот Почеон, 40 километри северно од Сеул, главниот град на Јужна Кореја, доцна во неделата, објави новинската агенција Јонхап.
포천서 SUV가 미군장갑차 추돌…탑승객 4명 사망
경기도 포천에서 SUV와 미군 장갑차가 추돌해 4명이 숨졌습니다.
Posted by KBS 뉴스 on Недела, 30 август 2020
Автомобилот со четворицата цивили наводно удрил во задниот дел на американското воено возило на пат кон воена база во Чеорвон, во провинцијата Гангвон на границата со Северна Кореја.
Четирите жртви на возраст од околу 50 години, биле пренесени во болница, но подоцна во текот на ноќта им подлегнале на повредите и покрај напорите да ги реанимираат. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека предниот дел на патничкиот автомобил е смачкан, а остатоци од него се расфрлани по патот.
An SUV carrying 4 S. Korean passengers crashed into the back of a US Army armoured vehicle that was in front of it last night in Pocheon, killing all 4 in the SUV. One of the two US soldiers in the armoured vehicle taken to hospital with minor injuries. https://t.co/b32wGLcz1Y
— Raphael Rashid (@koryodynasty) August 31, 2020
Американскиот персонал, кој се враќал од вежба, излегол релативно неповреден од несреќата која предизвикала оштетување на гасениците на оклопното возило. Еден војник е пренесен во болница со полесна повреда.
Не е јасно што довело до судирот. Од полицијата велат дека ќе биде извршена обдукција на возачот на патничкиот автомобил. Локалните медиуми јавуваат дека военото возило се движело бавно со вклучени задни светла пред автомобилот да удри во него.