Утрински Весник
Свет

(Видео) ФБИ објави снимка од човекот кој постави бомби на Капитол, нудат и парична награда

(Видео) ФБИ објави снимка од човекот кој постави бомби на Капитол, нудат и парична награда

Американското ФБИ објави нова снимка од лицето кое поставува импровизирани експлозивни направи пред седиштето на Републиканскиот и Демократскиот национален комитет, ноќта пред нападот во Капитол, кој се случи на почетокот на годинава, пренесува Си-ен-ен.

Телевизијата пренесе дека ФБИ соопштило оти на објавената снимка, се гледа лице со качулка кое ги поставило двете бомби во близина на седиштето на Демократската и Републиканската партија на 5 јануари, а на истата се гледа како во еден момент застанува да ги избрише очилата, а потоа седнува на клупа во близина.

„Се надеваме дека информациите објавени денес ќе ни помогнат да го идентификуваме осомничениот или да добиеме некои информации за него“, изјавил помошникот директор на ФБИ, Стивен Д’Антуоно.

Си-ен-ен јави дека ФБИ бара помош од граѓаните и нуди награда од 100.000 долари за повеќе информации за сторителот, а сè уште не е познато зошто бомбите не експлодирале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија