Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинците тврдат дека уништиле руски конвој: „Ова е совршен пример за заседа“

(Видео) Украинците тврдат дека уништиле руски конвој: „Ова е совршен пример за заседа“

Украинските вооружени сили на „Твитер“ објавија видео за кое велат дека прикажува минирање на цел руски конвој.

На снимката се гледаат неколку камиони, а потоа се случуваат неколку истовремени детонации.

Украинците посочуваат дека ова е совршен пример за заседа извршена од силите за специјални операции.

Се додава дека колоната е минирана преку далечински управувач. Нагласуваат и дека биле нанесени значителни загуби за непријателот.

Можете да прочитате

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив