Утрински Весник
Магазин

(Видео) Украина оди на Евровизија, без разлика на војната

(Видео) Украина оди на Евровизија, без разлика на војната
Dik 300x250 mk

Бендот „Калуш оркестра “, кој Украина го пријави за огодинешниот Избор за песна за Евровизија, соопшти дека сè уште планира да патува во Торино на натпреварот во мај и покрај војната што беснее во нивната земја.

„Се подготвуваме најдобро што можеме и ќе дадеме сè од себе да ја претставиме нашата земја на најдобар начин“, рече пејачот Олех Псиук во саботата во видеото објавено на „Инстаграм“.

Тој им оддаде почит и на организаторите на натпреварот за нивната поддршка.

„Калуш оркестра“ со песната Stefania е главен фаворит за победа на годинешниот натпревар. Бендот ќе настапи во првото полуфинале на 10 мај. По почнувањето на руската инвазија пред еден месец, бендот на социјалните мрежи ја изрази својата поддршка за отпорот на Украина против руската инвазија.

Русија е исклучена од годинешната Евровизија, како и нејзиниот сосед и близок сојузник Белорусија.

Можете да прочитате

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење